Поставена е Цистерна со Техничка Вода на Улицата „Бетовенова“
Заради прекинот во водоснабдувањето поради интервенциите на ВП „Струмичко Поле“ на браната „Турија“, поставена е цистерна со техничка вода на улицата „Бетовенова“, односно, пред црквата „Св. 15 Тивериополски Свештеномаченици“ за задоволување на основните потреби на граѓаните од овој дел на градот.
Доколку има потреба Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица ќе организира дополнителен дотур на техничка вода. Се известуваат граѓаните дека оваа вода не е за пиење