Мали,бесплатни библиотеки поставени на неколку локации во Струмица

Учениците од средното општинско училиште Димитар Влахов од Струмица,под мотото Земи книга-Остави книга, реализира проект со кој се популизира читањето на книгата.Тие поставија „Мали, бесплатни библиотеки’’ на пет локации во градот  – Плоштад ,,Гоце Делчев“, градинка ,,Детска радост“, ООУ,, Никола Вапцаров“,  Малиот парк и Градски парк. Во самите библиотеки љубителите на пишаниот збор можат да најдат книги за секој вкус и за секоја генерациј

Проектот Земи книга-Остави книга, на учениците од општинското училиште Димитар Влахов е дел од годишната програма на младинскиот совет од општина Струмица. Младинскиот совет секој година реализира проекти кои се за доброто на сите граѓани на општина Струмица.
Организаторите се надеваат дека граѓаните ќе ги чуваат и ќе ги користат ваквите библиотеки.

Напишете коментар