Продадена Градежна Парцела во Василево
Општина Василево на аукција ја продаде втората парцела во четвртата индустриска зона. Ова парцела е наменета за изградба на стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи.
Според градоначалникот Ванчо Стојанов,ваквите парцели се од големо значење за индустрискиот развој на општината во која најголемиот дел се земјоделци,исто така со отварањето на ваквиот комплекс се надеваат и на вработување на граѓни од општина Василево.
Парцелата се наоѓа на локалниот пат Градашорци-Добрашинци во месноста позната како Карбино.
Парцелата ја откупи фирмата Жикол кој беше и единствениот заентересиран,парцелата беше откупена по цена од 71 денар.