Центарот на Заедниците Организира Отворени Денови со Советот на о.Струмица

Центарот на заедницата на општина Струмица организира редовни отворени
денови со членовите на Советот на општина Струмица. Досега граѓаните
имаа можност да поставуваат прашања на Комисијата за култура,
образование и спорт на Општина Струмица и на Комисијата за урбанизам,
комунални дејности, заштита на животната средина и природата на општина
Струмица.

Во наредниот период ќе имате можност да присуствувате на отворените
денови на комисијата која ќе има најмногу гласови. Mоже да гласате за
една од следниве три комисии:

1) Комисија за општествени дејности
2) Комисија за здравствена заштита, социјална заштита и заштита на
децата
3) Комисија за јавна безбедност, безбедност на сообраќајот и
противпожарна заштита,

на следниов линк: http://ccstrumica.mk/anketi/.

Напишете коментар