Драган Јованов од денес член на Македонското Научно Друштво од Битола
Во Македонија се формирани голем број научни друштва и здруженија кои ја афирмираат не само научната, културната и уметничката мисла, туку се и здруженија во кои членуваат видни научни кадри и бројни други интелектуалци од земјата и од дијаспората. Едно од тие друштва, секако, е Македонското научно друштво од Битола, или Втората академија на науки како што некои ја нарекуваат, иако ова македонско научно друштво постои пред формирање на МАНУ.
Во МНД челнуваат и неколку академици од МАНУ. Ова Македонско научно друштво годинава го прослави својот 60-годишен јубилеј од формирањето. Тоа е најстаро македонско научно друштво кое по карактерот на дејноста е единствена научна асоцијација на интелектуалци во градот на конзулите и убавината – Битола. Друштвото е формирано на 25 април 1960 година во просториите на Државниот архив – Битола како Научно друштво, кое име го носело сѐ до 1968 година. Од 1960 па сѐ до 2002 година го носело името Друштво за наука и уметност – Битола, а тогаш било преименувано во Македонско научно друштво – Битола.
Во период од 60 години Друштвото како организација се занимава со научни прашања од различни области, а има статус на невладино, непартиско и непрофитно здружение на македонски граѓани. Според пишаните документи, Македонското научно друштво – Битола било формирано со решение Бр.. 04-3214/60 од Секретаријатот за внатрешни работи на Општина Битола, на 25 април 1960 година, како прва научна асоцијација во Битола. Иницијатори за формирањето на оваа асоцијација била група од битолски интелектуалци. На основачкиот состанок бил донесен Правилник за работа на Друштвото и биле избрани секретар и претседател на Друштвото како и тричлен Управен одбор. Тоа било група млади битолчани, интелектуалци, иницијатори за формирањето на Друштвото за наука и уметност. За Друштво кое оваа година прослави 60 години од својата успешна работа на полето на науката, културата и уметноста, од формирањето до денес имаат голем придонес плеада раководни личности, научници, интелектуалци и друг персонал кои со своите активности волонтерски ангажмани и ентузијазам придонеле оваа асоцијација да биде на пиедесталот во сверата на својата дејност.
Исто така, голем придонес имаат и членовите на Одделението за општествени науки; Одделението за правни науки; Одделението за природни науки; Одделението за применети науки и медицина; Одделението за технички науки; Одделението за уметност; Одделението за лингвистика и литература и Одделението за историско-географски науки.
Посебни заслуги за Македонското научно друштво – Битола има и мојот ментор Професор д-р спец. Борис Ангелков. Македонското научно друштво – Битола е сместено во зградата на Градската народна библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола. Во него членуваат 254 членови, а има 8 одделенија и е отворена научна асоцијација не само за научната фела од Македонија, туку и за Македонците во иселеништво и претставува поттик и патоказ за македонските научни, литературни, театарски и други асоцијации насекаде во светот. Денес сум посебно горд затоа што сум веќе и официјално редовен член на МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО во секторот за природните науки. Благодарам за плакетата. Најголема благодарност за мојот ментор Проф. др.спец Борис Ангелков и на сите колеги од одборите во МНД што ми дадоа шанса да бидам дел од МНД и да дадам свој придонес за афирмирање на науката во Македонија и на меѓународно ниво