Општина Василево се подготвува за манифестацијата Ден на празот
Во недела, на 03.11.2019 година, во организација на општина Василево, во населеното место Градашорци по 12-ти пат ќе се одржи манифеставијата Ден на празот.
Во тек се подготовките за Манифестацијата која години наназад, на единствен начин, преку дегустација на храна подготвена од праз, го промовира празот како земјоделска култура со сите негови посебности и населеното место Градашорци како поднебје во државата каде се произведува најквалитетниот праз во државата.
Организаторот упатува отворена покана до сите добраномерници, во недела на 03.11.2019 година, да го посетат населеното место Градашорци, да уживаат во вкусот на празот и програмата специјално подготвена по повод Манифестацијата.
И оваа година Манифестацијата има хуманитерен карактер. Средствата собрани од продажбата на специјалитетите од праз се намнети за хуманитарни цели и истите ќе бидат донирани.