Уписот на првачињата за новата учебна година ќе започне на 02.05.2019
Одделението за образование при општина Струмица ги известува родителите дека уписот во прво одделение за учебната 2019/2020 година, започнува на 02.05.2019 година и ќе се врши секој работен ден од 9 до 14 часот до 31.05.2019 година, во основните училишта во општина Струмица.
Согласно Законот за основно образование, во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето, кое до крајот на календарската 2019 година ќе наполни шест години. При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежната здравствена установа, како и извод од матичната книга на родени. Родителите можат да ги запишат и децата кои ќе наполнат шест години до 31.01.2020 година, но по претходно добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето. Запишувањето на детето, на барање на родителот, здравствената установа може да го одложи за една година, ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
Ви посакуваме успешен упис на уште една генерација ученици.