Градоначалникот одржа средба со делегација од ОБСЕ предводена од Јасмина Тодоровска – Митева
Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, одржа средба со делегација од ОБСЕ предводена од Јасмина Тодоровска – Митева, Национален програмски офицер на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Ѓорги Тасев, посебен советник за млади и спорт на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.
На средбата се разговараше за формирање на Локален совет на млади во рамките на општина Струмица со цел да се слуша гласот на младите, да се детектираат младинските проблеми на локално ниво и да се наоаѓаат решенија за истите со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Договорена е идна соработка врз основа на потпишан меморандум за соработка меѓу општина Струмица и ОБСЕ во делот на младинското учество и младинските политики.
Националниот програмски офицер Митева потенцираше дека ОБСЕ активно ја поддржуваат работата со и за младите, младинското учество и вклучувањето на младите во процесите на донесување на одлуки што претставуваат значаен чекор кон афирмирањето на младите во општествените текови и упати благодарност до градоначалникот Јаневски што го препозна значењето на Локалниот совет и го поддржува неговото формирање.
Според градоначалникот Јаневски овој совет ќе бидат гласот на младите бидејќи преку него им се дава можност да започнат дијалог со општината и отворено да дискутираат за младинските прашања со општинските власти.
Посебниот советник Тасев го запозна градоначалникот со младинските мерки и активности кои ќе ги преземе Владата заедно со Агенцијата за млади и спорт со цел подобрување на стандардот на младите, нивно вклучување во општествените текови и вклучување во процесите на носење на одлуки преку Законот за младинско учество и младински политики, кој е во финална фаза и се очекува да биде донесен до првата половина на 2019 година.