Инспекторите при општина Струмица открија двајца загадувачи на амбиенталниот воздух!
Oвластениот комунален инспектор и овластениот инспектор за животна средина од општина Струмица, во континуираната акција за откривање на лица и субјекти кои вршат загадување на амбиенталниот воздух во општина Струмица затекнаа двајца согорувачи на отпадни кабли покрај патот на излезот од Струмица кон Костурино. Против истите ќе бидат изречени четири прекршочни мерки согласно законот за јавна чистота и законот за управување со отпад. Општина Струмица апелира до сите граѓани кои ќе забележат било какви активности кои го загадуваат амбиенталниот воздух да пријават во инспекциските служби на Општината.