Препораки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните
Поради надминување на прагот за алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во неколку последователни денови (17.01.2019, 18.01.2019, 19.01.2019, 20.01.2019), Одделението за заштита на животната средина при општина Струмица информира дека на сила се следните препораки, донесени од Владата на Република Македонија:
-Препорака за ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација децата,
-Да се ослободат од работни обврски бремени жени, лицата постари од 60 години, лица со хронична астма, лица со прележан инфаркт или мозочен удар без разлика на возраста,
-Да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот,
-Забрана за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено и обезбедување услови за зголемена активност на брзата помош , домашната посета и патронажната служба,
– На градежните компании им се наложува да користат вода за намалување на прашина, односно прскање, миење на гумите на камионите пред градилиштата, а градежните машини да ги пренесат до градилиштата до 7:30 часот,
– Да се забрани со одлука на советот продажбата на пелевина за користење како огревно средство,
– Социјална помош со одлука на советот за лицата кои не можат да обезбедат средства за загревање на домот со цел да се избегне палењето синтетика, пластика, гума и слични токсични материјали за огрев,
– За истата категорија на луѓе со одлука на советот на терет на општината да се преземат мерки за чистење на оџаците,
– Забрана за движење низ целото градско подрачје на нерегистрирани возила, во кои спаѓаат возилата кои сечат огревни дрва насекаде во градот,
-Јавните институции да извршат замена на фосилните горива со гас од Јавното Претпријатие за гасификација – Струмица Гас,
-Привремена ограничување на емисиите од инсталациите со А и Б интегрирани дозволи и помалите стопански капацитети, а овластениот инспектор да врши зачестени контроли на инсталациите, да се спроведат мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со цел да се утврди дали се применуват пропишаните услови во дозволата по однос на емисии во воздухот,
-Да се зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла,
-Автошколите да ги реализираат обуките во период од 9:30 до 14:30,
-Дотур на стока да се врши до 7:30 часот,
-Поради опасните нивоа на загаденост на воздухот, во случај на повеќе дневно надминување на прагот на алармирање, треба да се воведат итни мерки за ограничување на сообраќајот во градското централно подрачје при што приватниот автомобилски сообраќај да биде забранет во центарот на градот. Забраната да не ги опфаќа јавните автобуси, такси-возилата, итните транспортни возила, брзата медицинска помош и полициските возила.
Целта на овие препораки е со нивното почитување од страна на надлежните институции и служби, но и на граѓаните, да се намали загадувањето на воздухот и да се зголеми заштитата на здравјето на луѓето. Истите се доставени до СВР Струмица, ЈПКД „Комуналец“ и Одделението за инспекциски надзор при општина Струмица.