Хуманитарен новогодишен базар во О.О.У „Св.Кирил и Методиј“ од село Дабиље
Во просториите на основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ од село Дабиље, денеска се одржа хуманитарен новогодишен базар на кој беа изложени рачни изработки од наставници, родители и ученици. Средствата собрани од хуманитарниот новогодишен базар од околу 11 илјади денари беа донирани за лекување на Меланија Иљачева, ученичка во ООУ „Маршал Тито“ од Струмица.