Еколошка акција „Strumica Thinks Clean“
Со акцијата на расчистување на фудбалското игралиште кај полициската станица и паркчето Шпики, вчера беше означен почетокот на кампањата „Strumica Thinks Clean“, организирана од младинската невладина организација GLOW & YMLP Club при ИМКА Битола.
Во акцијата се активираа дваесетина млади, а се вклучија и членови на еколошкото здружение Планетум. Се собираше отпад низ целото игралиште и беа поместени неколкуте паднати врати и скршениот кош кој веќе еден месец стоеше на тротоарот до игралиштето.
“Како младинска организација во склопот на ИМКА Битола постоиме веќе две години во Струмица и веќе втора година организираме проект на одредена тема поврзана со вредностите на организаијата. Минатиот декември собиравме донации за децата со посебни потреби од посебното основно училиште во Ново Село а за оваа година се одлучивме да направиме нешто во врска со екологијата. Освен чистењето во недела, во следните три недели ќе имаме интензивна кампања на социјалните медиуми за подигање на свеста кај граѓаните за тоа колку е важно да се одржува и чува животната средина.“, Ѓорги Георгиев, ментор на клубот.