Генерално чистење на културно историските и верски објекти
Согласно годишниот план за генерално чистење на населените места и културно историските и верски објекти на територија на општина Струмица за 2018 година, одделението “Комунална хигиена“ при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ започна генерално чистење на просторот околу комплексот цркви “Св. Леонтиј“ во населено место Водоча. Според Бранко Горѓиев, раководител на „Комунална хигиена“, акцијата продолжува со генерално чистење на просторот околу локалитетот “Св.15 Тивериополски Маченици“.