ЦПЛИП -ПОРАКА ПОЧНАА СО ПРОДАЖБА НА СВОИТЕ РАКОТВОРБИ

ЛИЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ПОРАКА ПОЧНАА СО ПРОДАЖБА НА СВОИТЕ РАКОТВОРБИ
ЦПЛИП -ПОРАКА од Струмица во изминатиов период во рамките на проектот ,, Преку креативност поблиску до социјална инклузија,, Изминативе месеци тие работеа на повеќе експонати кои сами ги осмислија и со сопствени раце го изработуваа секој детаљ за самото дело. На тој начин докажаа дека се креативни и може работно да бидат ангажирани.

Општата цел на проектот кој финансиски го подржа општина Струмица е развој на социјалното претприемништво како основа за поголема социјална инклузија на лицата со интелектуална попреченост. Целта на активности на проектот што го реализира Порака е развој на креативните способности и потенцијалите за себеизразување на лицата со интелектуална попреченост.
Еве каде може да ги видите и набавите ракотворбите

Фејзбук (https://www.facebook.com/handmadePORAKA/)

Инстаграм (https://www.instagram.com/poraka_ukrasi/)

Напишете коментар