Украдена ѕвездата на Горан Пандев од плоштадот во Струмица
На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, денеска, ја снема ѕвездата на познатиот македонски фудбалер, Горан Пандев. Оваа ѕвезда беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант „Интер“, година во која е реконструиран и струмичкиот плоштад.
Општина Струмица го осудува вандалскиот чин на крадење на ѕвездата на нашиот фудбалер Горан Пандев и случајот ќе го пријави во полиција.