Реализирани активности во ООУ „Маршал Тито“ од Муртино
Во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци, учениците од ООУ „Маршал Тито“ во село Муртино, реализираа програмска активност планирана за секцијата по физичко и здравствено образование.
Во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Триглав Осигурување, во рамките на акцијата „Безбедни училишта-безбедни првачиња“, на учениците од прво одделение им беа доделени флуоресцентни безбедносни елечиња. Во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од Струмица и поддршка на претставници од СВР Струмица, за тие ученици беше реализирана сообраќајно-превентивна и едукативна активност, како да стигнат безбедно од дома до училиштето.