Драган Јованов – Македонската современа фитомедицина во комбинација со дополнителни начини на лекување во борба против канцерогени заболувања
Во почетните фази ракот обично нема симптоми, но малигниот тумор на крајот станува доволно голем за да може да се открие. Продолжувајќи да расте, ракот може да ги притиска нервите и да предизвика болки, да влегува во крвните садови и да предизвика крварење, или ќе го нарушува функционирањето на некој орган или систем од органи. Следните симптоми можат да укажуваат на постоење на некој облик на рак:
– Менување на големината бојата обликот или дебелината на брадавиците, бенките или раничките во устата
– Раничка што не зараснува
– Долготрајна заштита, засипнатост или болки во грлото
– Здебелување или јазли во градите, тестисите или на некое друго место
– Какво било необично крварење или секрет
– Хронично лошо варење или отежнато голтање
– Долготрајни главоболки
– Необјасниво губење на тежината или апетитот
– Хронични билки во коските
– Траен замор, мачнина или повраќање
– Трајна температура до 38 степени, било да трае постојано или да се јавува со прекини
– Повторена појава на инфекции
Ако ви се појават симптоми што можат да укажуваат на рак, кои не се јасно поврзани со некоја друга причина, а траат подолго од 3 недели, мора да отидете на лекарски преглед. Ако причините за вашите симптоми е рак, зашто со навремена дијагноза и лекување е поголема веројатноста за излекување од оваа најтешка болест на денешницата.
Здравите клетки во нашиот организам цел живот контролирано се делат и обновуваат. Ракот почнува кога некоја клетка ќе се измени така што ќе почне неконтролирано да се размножува. Туморот е група абнормални клетки, повеќето облици на рак создаваат тумори, но не се сите тумори канцерогени. Безопасните бенигни или неканцерогени тумори, како дамките или бемките, престануваат да растат, не се шират на другите делови на телото и не создаваат нови тумори. Лошите малигни или канцерогени тумори ги потиснуваат здравите клетки, ги нарушуваат функциите на организмот и користат хранливи материи од телесните ткива.
Ракот продолжува да расте и да се шири со процесот-метастаза- при што на крајот создава нови тумори во други делови од телото. Поимот рак опфаќа над 100 болести од кои заболува скоро секој дел од организмот, и сите може да бидат опасни за живот. Четири основни видови се:
– Карциноми (најчеста дијагноза за видови рак-обично се јавуваат на кожата, белите дробови, градите, панкреасот и други органи и жлезди)
– Саркоми (се јавуваат во коските, мускулите или рскавицата и релативно се ретки)
– Лимфоми (се однесува на рак на лимфниот систем)
– Леукоза (е рак на крвта и не создава тврди тумори)
Илјадници години ракот се препознава како човечка болест, но дури во минатиот век, медицинската наука, откри што е всушност ракот и како напредува. Специјалистите за лекување на рак онколозите постигнаа голем напредок во дијагнозата, превенција и лекување на ракот. Денес може да се излекуваат повеќе од половина од сите луѓе на кои е дијагностициран рак. Но некои облици на оваа болест и натаму се лекуваат тешко. Кај ќиѓето кои не можат да се излекуваат, современите облици на лекување, можат значително да го продолжат животот и да го подобрат неговиот квалитет.
Причинители
Основна причина за сите видови рак е менувањето или мутацијата во клеточното јадро. За да се преобрази здравата клетка во малигна, нејзиниот генетски код мора да се репрограмира за постојана неконтролирана делба на клетките. Материите кои го произведуваат или потикнуваат тој процес се нарекуваат канцерогени материи, а постојат во многу видови. Научниците ја изведуваат теоријата дека во човековиот организам секоја секунда умираат од 10 милјони до 300 милјарди клетки, а ги заменуваат други. При толку високо ниво на клеточна активност, голема е можноста за повремена малигна мутација на клетките.
Седум знаци на предупредување
– Рана која не зараснува
– Измена во вообичаеното празнење на цревата или мочниот меур
– Задебелување или јазолче на дојката или градите
– Иритирачка кашлица или засипнатост
– Чудна видлива промена на брадавица или бемка
– Необично крварење или секрет
– Отежнато голтање или варење
Кај здрав човек посебните клетки на имунолошкиот систем можат да ги познаат мутираните клетки и да се уништат пред да се намножат. Но сепак некој мутирани клетки можат понекогаш да останат неоткриени и да опстанат предизвикувајќи појава на рак. Бидејќи причинителите за рак се сложени стручњаците говорат за фактори на ризик. Секоја навика, особина или користење материја што ја зголемува веројатноста за појава на рак, представува фактор на ризик, а ризикот или опасноста за заболување од речиси сите облици на рак, расте со возраста. Наследната или семејната предодреденост е фактор на ризик, иако нејзиното влијание се разликува од случај во случај. Истражувачите и натаму ги откриваат гените кои, кога се оштетени сериозно го преодредуваат човекот на добивање одредени видови на рак. Таквата генетска предодреденост се смета за важен фактор на ризик.
Дијагностички постапки
Колку што порано ке се постави дијагнозата и ќе почне дејствувањето врз ракот, толку веројатноста за излекувањето ке биде поголема. Некој облици на рак- како рак на кожата, градите, усната празнина, тестисите, простатата и правото црево, може да се откријат со рутинско самопрегледување или други прегледи пред симптомите да станат сериозни. Повеќето случаи на рак се откриваат и дијагностицираат кога туморот може да се напипа или се појавуваат симптоми. Во некој случаи ракот се открива случајно, како последица на дијагностицирањето или лекувањето некои други медицински тегоби. Поставувањето на дијагнозата почнува со детален лекарски рпеглед и правење на целосна историја на болеста. Лабараториските анализи на крвта, мочта и изметот може да ги откријат нарушувањата што може да укажуваат на рак. Ако постои сомневање за тумор, прегледите како ренген, компјутерска томографија, магнетна резонанца, ултразвук и преглед со фиброоптички апарат им помагаат на лекарите да го откријат местото на кое ракот се наоѓа и неговата големина. За да се потврди дијагнозата рак се врши биопсија со хирушки зафат се зема прмерот од ткивото со сомневање дека постои израсток и со микроскопски преглед се проверува дали постојат клетки на рак. Ако дијагнозата е позитивна се вршат други прегледи, што значи дека постои рак, се собираат конкретни информации за тој рак, во оваа фаза во понатамошната дијагноза најважно што лекарите би требало да го знаат е дали ракот се проширил од еден дел на телото во друг. Ако почетната дијагноза ви ја поставил лекар по општа практика или ако симптомите траат, иако ви е кажано дека немате рак, побарајте друго мислење. Во секој случај, пред почетокот на самото лекување многу важно е да добиете мислење од лекар кој е специјалист за лекување рак.
Лекување
Сеопфатната програма за лекување на ракот го комбинира лекувањето и давањето подршка и сите видови помош на заболените. Лекувањето е насочено кон одстранување или забавување на текот на болеста со комбинација на хирургија, зрачење, хемотерапија и можеби хормонско лекување или имунотерапија. Кога ракот веќе не може да се открие, се вели дека пациентот е во ремисија или дека болеста мирува. Општо кажано, пациентите кај кои ракот нема да се појави повторно пет или повеќе години се сметаат за излекувани. Некои облици на рак не можат да се излекуваат, но сите можат да се лекуваат и во повеќето случаи на пациентот состојбата да се подобри. Најдобрите дополнителни начини на лекување на ракот што обично се нудат надвор од болниците исто така даваат извонредна супортивна нега.
Драган Јованов – Македонска современа фитомедицина
Најчесто се користат многу лековити растенија во борбата со ракот. Тоа се здравец, росопасот, руса трева, брусница, горчлив бадем кои содржи и витамин Б 17, кои досега се покажале успешени при борбата со ракот, семе од коприва, имелата, алое верата која се покажала доста добра при лекување и борбата на ракот, исто така и некој печурки се употребуваат во борбата со ракот. Билките во македонската современа фитомедицина се истражуваат и применуваат за да се откријат состојките што можеби, директно ги одбиваат клетките на ракот или го потикнуваат имунолошкиот систем да го стори тоа.
Бадем (Prunus amugdalus)
Кај нас се познати горчливиот и слаткиот бадем. Меѓу нив нема разлика, освен што во семето на горчливиот бадем има хетерозид амигдалозид, којшто го нема во слаткиот бадем. Затоа семето на горчливиот бадем е лековито и отровно. Бадемот е по потекло од Мала Азија и Месопотамија, од каде што се раширил насекаде околу Средоземното Море. Во Средна Европа често страда од мраз. Бадемот е високо дрво околу 5 метри, со долги остри листови и многу убави розови цветови. Плодот има зелен мал епикарп и слабо меснат мезокарп, кој се суши и паѓа уште додека бадемот стои на дрвото. Во ендокарпот има едно, а поретко две семиња. Семето од горчливиот бадем служи за добивање вода од горчлив бадем етерично и масно масло. Водата од горчливиот бадем дејствува како наркотик и седатив. Често се препишува со морфинот. Најголема дневна доза е 6 g. Водата мора да содржи 1% цијановодородна киселина.
Зелен чај ( Camellia sinesis)
Зелениот чај претставува, всушност, исушени листови од чајната билка Camellia sinesis. Оваа билка со скромен изглед и со ситни листови е висока грмушка. Од начинот на преработка зависи дали ќе се добие црн, зелен, жолт или црвен чај. За лек се собираат листовите и цветовите. Испитувањата за зелениот чај, за неговото дејство потврдиле дека со него можат да се спречат малигните заболувања на простатата, а може да се поправи и состојбата на веќе заболените лица. Зелениот чај го намалува холестеролот, помага во намалување на крвниот притисок, а тоа поволно дејствува врз срцето и врз крвните садови. Со испитувањата на екстрактот полифенол добиен од листовите на зелениот чај, се покажало дека тој го намалува нивото на липидите, триглицеридите и на холестеролот во крвта, а со тоа и опасноста од разни болести на крвниот систем и од артериосклероза. Одамна е познато дека овој чај дејствува и како диуретик, помага и против целулит, затоа што ја ограничува атсорпцијата на маснотиите и ја поттикнува површинската циркулација. Ги заздравува раните, екстрактот од чајот се употребува за нега на кожата, против првут во косата, при изгореници и за лекување акни. Овој чај може да се пие во текот на целиот ден и ноќта, затоа што теинот значително поблаго го стимулира мозокот околу кофеинот. Истражувањата спроведени во Јапонија покажале дека во делови од државата во кои се собира и се произведува зелениот чај, има помала смртност од рак на желудникот и на белите дробови. Чајот се подготвува на следниов начин: вообичаена чаша чај подразбира едно лажиче зелен чај (околу 5 g) и 250 ml топла вода со киснење од околу три минути во затворен сад.
Ѓумбир (Zingiber officinale)
Татковината на ѓумбирот е Јужна Азија, Индија и Кина. Се одгледува во Нигерија, Јамајка, Јапонија, Австралија, Африка и денес и во Република Македонија. Ова е еден од најважните зачини. Го нарекуваат цар на сите зачини. Лутината на ѓумбурот потекнува од гингеролот, кој е соединение во составот на гумбирот. Гингеролот претставува една маслена, густа течност со лут вкус, без мирис. Ѓумбурот е средство за ублажување на болки, против воспаленија, спазми, орасположува и има тонизирачко дејство. Ја засилува половата потенција. Екстрактот на ѓумбир го намалува артерискиот притисок, ја зголемува еластичноста на матката, дејствува смирувачки. Чајот од ѓумбирот помага при поврќање во текот на бременоста. Дејствува доста добро против габични инфекции. Го засилува помнењето, ја надоместува силата, го лекува желудникот и црниот дроб, се применува против парализа, жолтица, пречки при уринирање, настинка и слабост на уринарните органи, за отстранување на штетните влијанија од животинските отрови, од болки во зглобовите, против тумор. За подобрување на варењето на храната, кај белодробно-бронхијалните заболувања, бронхијална астма, хроничен бронхитис, нарушување на сонот, шум во ушите, при главоболка, при мозочен удар, парализа, нарушување на говорот, болести на централниот нервен систем, како средство за детоксикација при тешки терапии за намалување на токсичното дејство на хемотерапевските средства, на пример, кај онколошките заболувања, туберкулоза на белите дробови, епилепсија, во кардиологијата, при лекување на заболените од пневмонија, кај сериозните облици на хроничен хепатитис, при импотенција, при хроничен артритис. Облогите од ѓумбир се користат кај туморите предизвикани од лимфата. Ѓумбирот е волшебно средство за подмладување, ги подобрува интелигенцијата и сонот, луѓето можат да спијат малку, но длабоко. Го поттикнува процесот на распаѓање на мастите, го спречува нивното создавање. Ја зголемува активноста на штитната жлезда. Забелешка: Ѓумбирот не треба да го користат луѓе што страдаат од чир. Исто така, ѓумбирот е штетен за грлото, па овој негов недостиг се отстранува со мед или со бадемово масло. Дозата што треба да се применува од ѓумбирот изнесува количество што одговара на две фаќања со прстите.
Здравец (Geranium macrorrhizum)
Долгогодишно миризливо зелјесто планинско лековито растение. Има до 1 m долги како прст дебели ризоми кои ползат по површината на земјата. Цветот е со црвенкаво-виолетова боја. Цвета од април до јуни. Содржи етерично масло, танини и флавонски хетерозиди. Здравецот помага при воспаление на слузницата на органите за варење. Во фитомедицина се употребува во широк спектар и поради тоа го викаат растение на (здравјето). Доста било употребувано и во поодамнешни години, па и денес има голема примена како лековито растение.
Чај од здравец: Се зема една супена лажица сув здавец, се прелива во 2,5 dl врела вода. После 20 минути се процедува и се пие по една шоља дневно. Најдобро е наутро на празен стомак.
Имела (Viscum album)
Имелата претставува мала разгранета и секогаш зелена грмушка висока до 1 m, која како полупаразид живее на разни белогорични и црногорични дрва. Стеблото е зелено-жолто. Листовите се дебели, кожести, зелено-жолти. Плодот е бела, тркалезна, сочна проѕирна бобица полна со лепливи масти. Цвета од март до мај, а дава плод од август до ноември. Имелата добро дејствува против високиот крвен притисок и артериосклероза, но може да се употребува само под контрола од лекар за да не дојде до труење. Имелата се дава и во вид на разни препарати, сама или со други лековити растенија или заедно некој лек што има особина за намалување на крвниот притисок. За правење чаеви се користат листовите или плодот. По собирањето, листовите и плодовите се сушат и се чуваат во книжна кеса. Од нив се прави чај, така што во жешка вода и по покривање на садот со капак чајот се остава 3-5 минути. Потоа течноста се цеди и се користи по 1-2 пати на ден по 100 ml (како леден чај).
Коприва (Urtica dioica)
Копривата се сретнува по запуштените места, најчесто по селата. За лек се употребуваат листовите, коренот и семето. Копривата е најдобро средство за прочистување на крвта. Тој е важен лек за лекување на заболувањата кај уринарните канали, како што се воспаление, болно задржување на мокрењето, а го отстранува и воспалението на бубрезите. За стимулација на излачувањето, во текот на денот се пијат 3-4 чаши свеж чај. Копривата помага при тврда столица, па така доведува до исфрлање на стврднатите материи, ја поттикнува размената на материите, ги отстранува бледилото и слабокрвноста, а исто така ја зголемува отпорноста кон болестите независно од тоа дали станува збор за настинки или, пак, за ревматски и други заболувања на коските. Докажано е дејствувањето на копривата врз запирање на крварењето затоа што може да го излекува повраќањето крв, крвава кашлица, крваво уринирање, обилно крварење при менструација, како и крварење од матката. Значителните количини на витаминот А, разни минерални соли, растителните хормони и ензими кои мошне поволно дејствуваат врз зголемувањето на бројот на црвените крвни зрнца, ја прават копривата исклучиво погодна за таканаречениот пролетен третман, и тоа во форма на свежо исцеден сок, салата или чај. На тој начин мошне брзо се отстранува состојбата на потиштеност. Научно е докажано дека копривата го намалува шеќерот во крвта. Листовите од коприва најчесто се употребуваат за стимулација во создавањето и лачењето на урината, со што индиректно ја олеснува работата на срцето и го намалува притисокот. Ја подобрува крвната слика и го регулира недостатокот на железо во крвта. Благодарение на големото количество минерали, силикати и витамини, листот од коприва при подолга примена го спречува опаѓањето на косата, го помага нејзиниот раст и ја елиминира кршливоста на ноктите. Помага кај луѓето заболени од артроза и придонесува за зацврстување и регенерирање на ’рскавиците. Копривата дејствува и против ревматизам, треска, туберкулоза, бронхитис и заболување на зглобовите. Влијае и врз брзото зараснување на раните, дејствува против зрачењето, против чир на желудникот, несоници и нервози. Чајот од целото растение ја издвојува слузта од белите дробови, ги чисти желудникот, црниот дроб и цревата, а истовремено е одличен лек против анемии, хемороиди, жолтица, маларија и секоја друга треска. Поради силното лековито дејство, се употребува и за лекување алергии. Чајот се подготвува на тој начин што се ставаат две лажици ситно исечкани коприви на 2 dl вода. Се пијат по 2-3 мали чаши чај дневно, топол, незаблажен или со мед.
Линцура (Gentiana Lutea)
Коренот од линцура е многу важен лек, кој расте на планинските предели. Линцурата е многу горчлива, но воопшто не е штетна. Исто така, треба да нагласиме дека ни по долгогодишна секојдневна употреба на линцурата, таа нема да му штети на организмот. Линцурата се користи како домашен лек, особено по планинските краеви, за стомачни тегоби, против грозница, за јакнење на имунитетот кај организмот. Линцурата се пие само пред јадење. Најдобро половина час пред јадење. Горчливите состојки на линцурата го зајакнуваат лачењето на желудочниот сок. Линцурата исто така го забрзува и го олеснува варењето на храната. Во Република Македонија линцурата има повеќе народни имиња, и тоа: во Охрид сушен чемер, во М. Брод, Струга, Дебар, Кичево и Ресен див чемер, а во Битола железничка билка. Линцурата е повеќегодишна култура. Има и право силно стебло со висина до 1,5 m. Листовите се златножолти. Цвета од јули до август. Плодот е долга чаура до 6 cm, полна со семиња. Подземните органи се многу развиени и разгранети. Коренот е мек, без механички елементи, во внатрешноста бел и многу горчлив. Може да се сече многу лесно како сирење. Коренот се вади во есен, се суши и се употребува како чај.
CORIOLUS versicolor – Дрвенестата габа во борба со ракот
Имуностимулативната исхрана е нов концепт кој претставува потенцијал за модулирање на дејството на имунолошкиот систем со примена на специфични хранливи производи и подобрување на способноста на организмот за самозаштита и профилактика.
Corious versicolor е дрвенеста габа, чија биомаса дејствува како неспецифичен имуномодулатор и е погоден додаток во исхрана за окрепнување на имунолошкиот систем кај пациенти со онколошки заболувања, особено по хемотерапија и радиотерапија.
Оваа габа е широко распространета во умерените зони на Северна Америка, Азија и Европа. Традиционално, Coriolus versicolor се користи како имунистимулатор, има антимикробно, антивирусно и антитуморно дејство. Ги намалува симптомите при синдром на хроничен замор и болки во мускулатурата. Сиве овие дејства се атрибутирани на присуството на протеински сврзаниот полисахарид наречен полисахарид К (PSK) или крестин. Големата содржина на слободни полисахариди, протеогликани, ензими и секундарни метаболити (терпени, алкалоиди, стероиди) ги сочинуваат главните компоненти одговорни за нивната имуномодулаторна активност. Тие (водач е полисахаридот К) покажуваат селективна способност да предизвикаат ,,програмирана клеточна смрт“ кај канцерогените клетки, без да ги повредат здравите клетки.
Од 1971 година до денес се публикувани над 350 научни и клинички истражувања, кои ја покажуваат активноста на Coriolus versicolor при различни заболувања, особено онколошки. Истражувањата од последните неколку години покажуваат позитивно влијание и дејство кај пациенти носители на ХПВ вирусот. Истото го покажуваат и истражувањата за додатокот во исхрана Coriolus – МРЛ, кој претставува култивирана биомаса на габата. За култивирањето на Corious versicolor се исползува специјално создадена сорта CV-OH1, резултат на 15-годишен труд на научниците од Gourmet Mushrooms Inc., California, USA. Мицелиумот и примордиите на овој вид се со висока биоактивност и се генетички идентични со родителските форми. Тие се култивирани во биомаса што расте на стерилен супстрат. Процесот на култивација на биомасата е апсолутно обезбеден од контаминација од други габи, пестициди и отсуство на тешки метали.
Содржината на ПСК во Coriolus-MRL го подобрува квалитетот на животот и го зајакнува имунолошкиот систем на пациенти со канцерогени заболувања на дојка, бели дробови, хранопровод, абдомен, простата, јајници и грлото на матката. Има антивирусно дејство врз Епштејн-Баровиот вирус и вирусот ХПВ.
Coriolus-MRL се препорачува како дополнителна терапија при лечењето на канцерогените заболувања. Coriolus-MRL ги намалува симптомите и страничните ефекти при лечењето со хемотерапија и радиотерапија, дејствува позитивно на балансирање на имунолошкиот систем и заштитува и превенира од генитални вирусни инфекции.
Чувај те се од лажни луѓе
Има лажни луѓе кои продаваат секакви производи, само да ви земат пари, говорат дека лечат рак, пазете се од сите тие, преку оваа статија апелирам, да беше така лесно сите ке купувавме такви производи, значи да се внимава кои што консумира, и кој што ви нуди бидејќи има многу кои лажат, ке ви побараат многу пари а ке го изгубите човекот повторно, затоа ви говорам да внимавате.
Дополнителни начини на лекување
Акопунктура
Докажано е дека со акопунктурата се намалуваат болките поврзани со многу сериозни болести. Иако со научни испитувања уште не е докажано нејзиното делување на болките предизвикани од рак и придружните појави како што е мачнината и повраќањето, се работи за безопасен метод на лекување што многу заболени од рак го сметаат за благотворен.
Работа на телото
Со потикнување на олабавувањето, начините на лекување како што е масажата и рефлексологијата ја намалуваат напнатоста на мускулите и можат да намалат многу други симптоми како што е мачнината и хроничните болки. Бидејќи многу облици на лекување со работата на телото овозможуваат смирувачки и пријатен физички допир, со нив може да се намали стравот, потиснатоста и осаменоста кои заболените од канцерогени заболувања честопати ги чувствуваат.
Физички вежби
Со физичките вежби може да се намалат заморот, напрегнатоста на мускулите и стравот. Обично пациентите подобро се чувствуваат, ако се занимаваат со физички вежби, како што е пешачењето или пливањето, кои истовремено го смируваат духот и го јакнат телото.
Исхрана
Научните докази покажуваат дека исхраната може да игра важна улога во превенција на ракот. Но не се покажало дека каква било диета или одреден вид на храна го забавила или излекувала ракот. Ракот не може да се излекува со никаква исхрана. Витамините минералите и другите хранливи материи може да го зауздаат ракот, неутрализирајќи ѓи канцерогените материи, обезбедуваќки правилно функционирање на имунолошкиот систем и спречувајќи оштетувања на клетките и ткивата. Истражувачите посебно ги интересираат антиоксидансите, витамин А (особено бета каротинот) витамин Ц, витамин Е како и селен, но исто така ги проучуваат и фолната киселина, витаминот Б6, магнезиумот, цинкот и конезим КУ 10, меѓу другото. Бидејќи преголеми количества на некој витамини можат да бидат штетни, многу експерти се внимателни во погледот на додатоците во исхраната. Наместо тоа тие советуваат разновидна исхрана. Многу диети во врска со случајот рак пропагираат вегетаријанството и пациентите кои се придржуваат кон таквата исхрана, здрава во смисла на хранливите материи, обично се чувствуваат подобро. За жал многу диети насочени кон одстранувањето на ракот исто така пропагираат гладување, чистење и внесување дополнителни количевства на витамини, минерали и други смеси, кои го јакнат имунитетот, но не го лекуваат ракот, а можат да бидат штетни и скапи. Пациентите, по правило, треба да избегнуваат секаков вид на храна за која се тврди дека го лекува ракот, диета што го препорачува напуштањето на вообичаениот начин на лекување, доведува до слабост или големо губење на тежината, бара значително ограничување на јадењето и е многу скапа