Превентивна активност во Струмица „Вози мотор, но биди безбеден“
Вчера (25.09.) Отсекот за превенција при СВР-Струмица во рамките на Акциониот план на МВР за спроведување на проектот „Полицијата и граѓаните заедно“, во кој е предвиден и проектот „Вози мотор, но биди безбеден“ беше реализирана превентивна активност во СОУ „Никола Карев“ во Струмица. Активноста беше спроведена во партнерство со мото клуб „Tzar Tower Ride “ Струмица во училиштето каде пред околу 150 родители на ученици од 1-ва година, спроведени се едукативни предавања во рамките на проактивниот пристап на работа на полицијата за безбедно учество на велосипедистите, мопедите и мотоциклите во сообраќајот на пат.
Од страна на припадниците од мото клубот демонстрирано е како треба да изгледа и која е потребната заштитна опрема која треба да ја носи секој што управува велосипед на мотор и мотор. Во тимот на мото клубот беше и сопственик на Авто Школа кој поблиску ги запозна родителите со постапката за добивање на АМ категорија наменета за учесници во сообраќајот со навршени 16 години како и со останатите категории А, А1 и А2; исто така во групата имаше и вработен во технички преглед кој се осврна на факторот технички исправен мотор, мотоцикл, велосипед со мотор и веспа како еден од можните причинители за сообраќајна незгода доколку моторното возило е технички неисправно.