„Комуналец“ го Реши Проблемот со Поплавувањето на Патот во Дабиле
Проблемот со поплавувањето на патот кон Берово, а кој поминува низ населеното место Дабиле и им предизвикуваше проблеми на жителите е решен. Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ги заврши градежните работи. Со изведената атмосферската канализација и поставените сливници и решетки, спречено е поплавувањето во центарот на ова населено место.
При секој дожд на овој потег од патот се собираше поголема количина вода, на некои места и до 30 сантиметри длабочина и со тоа се отежнуваше движењето како на возилата така и на пешаците. Проблемот започна да се решава во две фази, согласно ингеренциите подолго време се чекаше на интервенцијата на „Македонија пат“ кои требаше го подигнат патот со додавање на дополнителен слој на асфалт. Откако овој дел конечно беше завршен ЈПКД „Комуналец“ ја изведе атмосферската канализација од местото каде што се зафаќаат водите па се до испустот во еден постоечки канал во центарот на селото со што се реши проблемот со поплавувањето на оваа делница.