Молебен за почеток на новата учебна година во „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“
За чинот молебен за почеток на новата учебна година што ќе се одржи во „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“
Возљубени во Христа; со благослов на Високопреосветениот Митрополит Струмички г.Наум; Ве известуваме дека на 31.08.2018 (Петок) во Црквата на „Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” ќе се отслужи молебен за благословување на новата учебна година со почеток од 17 часот.
Ги покануваме сите ученици, студенти, и просветни работници заеднички да ги упатиме своите молитви кон Бог за да се испрати на сите ученици, дух на премудрост и разум, за да им бидат отворени умот и устата, и да им се просветат нивните срца за усвојување на поуките од добрите науки.