Се одржа завршниот концерт на Летната школа за гитара
Помина уште една прекрасна вечер од богатата културно – уметничка програма на седмото издание на Струмица опен фестивалот. На отворената сцена кај Чешмичката во градскиот парк синоќа се одржа завршниот концерт на Летната школа за гитара на кој заедно настапија Влатко Стефановски, Васко Пиличев и 50 млади гитаристи. Годинава школата за гитара ја посетуваа над сто учесници.
Фестивалската програма продолжува вечерва со концертот на поп пејачката Каролина Гочева на истата сцена со почеток во 22 часот.