Притвор од осум дена за градоначалникот на Ново Село
Судија во претходна постапка на Стојчев, како и на тројцата други им одредил осум дневен притвор, додека на петтото лице вмешано во шверцот поради здравствената состојба му се одредени мерки на претпазливост, односно одземен му е пасошот и има обврска еднаш неделно да се јавува во Основен суд Струмица.
Петмината се осомничени дека на 10.07.2018 година се обиделе да ги пренесат цигарите преку див премин на македонско-бугарската граница. Од страна на овластени полициски службеници биле откриени и сопрени на два километри од граничниот камен, при што во двете возилата со кои се превезувале им биле пронајдени 66 картонски кутии со околу 3.300 штеки цигари, во вредност од 3.245.589 денари.Според полицијата, едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, а било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С. од село Ново Коњарево. Во другото возило управувано од Г.С. (24) со совозач С.В (26) од село Ново Коњарево, биле натоварени 35 штеки цигари и една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии.
При преземање на потребните мерки и дејствија лишено од слобода е и лицето М.Т (52) од с.Самоилово, кој управувал моторцикл „Хамачи“ без регистарски таблици, инфрмираат од СВР Струмица.