„Комуналец“ ги чисти населените места Костурино и Водоча
Вработените во одделението „Комунална хигиена“ во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, денеска, вршеа генерално чистење во населеното место Костурино. Се собираше отпадот, косеше тревата, се метеше, а се уредуваа и пешачките зони. Според Бранко Горѓиев, раководител на „Комунална хигиена“, чистењето се врши согласно годишниот план за генерално чистење на населените места во општина Струмица. Освен во Костурино, денеска започна, а утре треба да заврши, генералното чистење и во населеното место Водоча.