ПЕТРОВДЕНСКИ ПОСТ
Овој пост е востановен во чест на светите Господови Апостоли. Во овој пост се пости вака: Во понеделник, среда и петок не се јаде масло и вино; во четврток и вторник се дозволува масло и вино, а во сабота и недела – масло и риба.
Ако падне празник во понеделник, вторник и четврток, се дозволува масло и риба. Ако падне празник на помал светител во среда и петок се дозволува масло и вино. Ако е голем празник, во среда и петок се дозволува масло и риба. Ако падне ден на црковна слава во среда и петок се дозволува масло и риба.
Постот може да биде ублажен од страна на духовниот отец, во зависност од телесната способност на оние кои сакаат да постат.