Општина Струмица го санираше потпорниот ѕид на поројот „Крушевска Република“
Општина Струмица изврши итна санација на потпорниот ѕид кој што беше оштетен на поројот „Крушевска Република“. Санирана е површина во должина од 22 метри, а освен санацијата на ѕидот ќе се изврши санирање и на оштетениот асфалт на површина од околу 25 метри квадратни.