Одбележана 74-годишнината од Мајската офанзива кај месноста „Варници“
Во организација на Општинскиот одбор на Сојузот на борците на Македонија од НОАВМ и граѓани продолжувачи – Струмица во соработка со општина Струмица, денеска, беше одбележана 74-годишнината од Мајската офанзива кај месноста „Варници“. Одбележувањето се одржа пред Спомен костурницата во селото Раборци на кое по настапот на хорот при средното општинско училиште „Никола Карев“ поздравно обраќање имаше Соња Чурлинова претседател на Општинскиот одбор на Сојузот на борците на Македонија од НОАВМ и граѓани продолжувачи – Струмица.
По положувањето свежо цвеќе пред Спомен костурницата, беше изведена и револуционерна поезија.