СВР Струмица со кривична пријава против поранешниот градоначалник на Василево

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против   ВС (51) од с.Едрениково, општина Василево, и Г.Ц (55) од с.Доброшинци, општина Василево, поради постоење основано сомневање дека прво пријавениот сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување„  предвидено во член 353 од КЗ на РМ, а второ пријавениот сторил кривично дело „Потикнување“  предвидено во чл.23 в.в чл. 353 од Кривичниот законик на Република Македонија. 

 

Имено, прво пријавениот во својство на градоначалник на Општина Василево, со искористување на својата службена положба и пречекорување на границите на своето овластување, постапил спротивно на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со што овозможил на второпријавениот (вработен во општина Василево) да се стекне со противправна имотна корист. 

ВС на 27.09.2012 година  на второ пријавениот му издал решение за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект -куќа, за кој објект не биле исполнети условите за легализација и утврдување на правен статус согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти.  

Напишете коментар