Пуштен во употреба реконструираниот Дом на Култура во Секирник
Вчера на жителите од населеното место Секирник им беше предаден реконструираниот Дом на Културата.
Реконструкцијата и адаптацијата на овој објект е во рамките на проектот ,,Развој на туризмот во прекуграничниот регион помегу општина Грмен од Република Бугарија и општина Босилово.
Вкупната вредност на проектот за двете општини е 412 316 евра, од кои 229 676 евра се за општина Босилово како водечки партнер а 182 435 се за општина Грмен.
Со реконструкцијата на овој објект се подобруват условите за зачувување на локалните културни традиции во Секирник.