„Комуналец“ започна со генерално чистење на Спомен костурницата
Од денеска започна генералното чистење на Спомен костурницата која што се наоѓа над градот. Чистењето го вршат вработени во одделението „Чистота“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“. Акцијата ќе продолжи и во наредните денови, бидејќи според најавите, планирано е да се изврши комплетно чистење на овој простор.