Од ноќеска започнува летното сметање на времето
Летното сметање на времето започнува во 2 часот наутро, со тоа што стрелките на часовниците ќе треба да се поместат еден час напред, односно во 2 часот наутро стрелките треба да се поместат на 3.
Тоа значи дека во недела ќе спиеме еден час помалку.
Летното сметање на времето ќе заврши на 28 октомври 2018 година исто така во 2 часот наутро.