Под мотото “ Покажи ја својата реткост” СОУ “Јане Сандански” активно се вклучи во одбележувањето на Денот на лицата со ретки болести 2018.
Под мотото “ Покажи ја својата реткост” (SHOW YOUR RARE) СОУ “Јане Сандански”од Струмица активно се вклучи во одбележувањето на Денот на лицата со ретки болести 2018.
Ова е 11-то издание на Денот на ретките болести кој што за прв пат почна да се одбележува 2008 година на светско ниво, а денес за прв пат се одбележува и во нашата држава.
Во Република Македонија околу 400 пациенти заедно со нивните семејства се соочуваат со ретки болести и ги водат овие битки макотрпно низ лавиринтите на нашите институции, борејќи се да им овозможат нормален живот на нивните најмили.
Голема чест и задоволство ми претставува тоа што и нашето училиште оваа година е дел од Интернационалната кампања за Лицата со ретки болести.
Нашите ученици преку боите и логото на “Ретките”масовно ја искажуваат својата грижа испраќајќи ја пораката за подигање на свеста и грижата за овие лица, надевајќи се дека ќе допре до секое срце и таму каде што е најпотребно- вели Дефектологот на училиштето М-р Марија Карамучева Узунова.