Драган Јованов – Фитомедицината во борба против главоболка и мигрена

Симптоми при главоболка и мигрена
Ако главоболката која ја чувствувате е
– Тапа рамномерна болка што потсетува на стегање на обрач околу главата, тогаш страдате од главоболка предизвикана од напнатост
– Пулсирачката болка што прво ја чувствувате само на едната страна на главата а предизвикува мачнина значи дека најверојатно се работи за мигрена
– Пулсирачката болка што се јавува околу отечено око кое солзи и назална затнатост на истата страна на лицето страдате од т.н класер главоболка
– Долготрајна и постојана болка што ја чувствувате во зоната над лицето, а која се засилува ако се наведнете нанапред и е придружена со конгестија на носот станува збор за синусна главоболка
Обратете се на доктор
– Ако главоболката е многу силна придружена со поврќање слабост на екстремитетите двоен вид неразбирлив говор и отежнато голтање. Можно да е мозочно крварење или аневризма. Веднаш побарајте докторска помош
– Ако чувствувате главоболка каква никогаш предходно не сте почуствувале, во почетокот се јавува наутро не прекинува, предизвикува повраќање а при крајот на денот се смирува тогаш веројатно имате покачен крвен притисок а во поретки случаи е мозочен тумор. Обратете се на доктор без одлагање.
– Ако имате висока температура светлоста ви ги надразни очите а болката е остра придружена со мачнина и вкочанетост на вратот се работи за менингитис – веднаш побарајте помош од доктор
– Ако по повредата на главата чувствувате сонливост, вртоглавици мачнина и повраќање можно е да се работи за потрес на мозокот – обратете се на доктор без одлагање.
Иако болни и тегобни главоболките главно се послаби нарушувања кои едноставно се решаваат со ацетилсалицинска киселина или со некое друго средство за ублажување на главоболката. Па сепак ако главоболката е силна и честа придружена со други симптоми, потребно е да се превземат одредени мерки, а пред се да се посоветувате со вашиот доктор.
Главоболките се делат според појавата која е причинител. Главоболките предизвикани од напнатост односно стегање на мускулите представуваат еден од најчестите облици. Главоболките предизвикани од стегање на крвните садови се втора најчеста група, заедно со мигрената и кластер главоболките. Третата група ја сочинуваат главоболките предизвикани од тегоби со синусите.
Кои се прилинителите за главоболки и мигрена?
Причинителите на главоболки се многубројни. Синисните главоболки се последица на поленска кивавица и на другите сезонски алергии, како и на настинка и грип. Кај главоболките предизвикани од напнатост најчест причинител е стрсот. Тешкотиите предизвикани од работа и семејниот живот или некои надворешни влијанија, како што е постојаната врева често се во основа на проблемот. Заморот на очите неправилно држење, преголеми количества на кофеин или чкрипењето со забите во текот на сонот можат исто така да предизвикаат ваков вид на главоболка.
Мигрените имаат малку потаинствена природа. Иако многу фактори укажуваат на поврзаноста на појавата со стегање и ширење на мозочните крвни садови, сепак некои истраќувачи сметаат дека главоболките пред се имаат невролошко потекло. Со оглед на тоа што во некое семејство појавата на мигрена се јавува често, можно е да постои и генетска предиспозиција. Во случај факторите кои доведуваат до напад на мигрена се многубројни. Тоа може да биде и прекумерена употребана кофеин, одредени продукти и мириси, промена на надморската височина и на годишните времиња, промена на нивото на хормони, употреба на хормонски контрацептиви, прескокнување на оброци или престој во загушлива просторија.
Мигрените исто така, може да се јават по силни емоционални реакци, какви што се возбудувањето или гневот. Физичките активности, односите или консумирањето на многу студена храна, исто така, може да придонесат за напад на мигрена.
Кластер главоболките се најмалку разјаснет облик на главоболка. Почесто се јавуваат кај страсни пушачи отколку кај непушачи, а во некои случаи и пиењето алкохол и јадењето некои видови храна има одредена улога, вистинската причина останува непозната.
Фитомедицината во борба против главоболки и мигрени
И фитомедицината и конвенционалната медицина можат да бидат делотворни во борбата против главоболката, а можна е и комбинација од двата метода. Сите доктори веруваат дека олабавувањето е клуч на решавање на некои облици на главоболки на пример, главоболките предизвикани од напнатост и мигрената.
Со повеќе од фитомедицинските начини на помош, се настојува да се средат скриените причини за главоболките. Со оглед на тоа што напнатоста и стресот имаат важна улога во појавата на главоболките постапките за олабавување се наоѓаат во основата на повеќето фитомедицински начини на помош.
Една капка од етерично масло од лаванда ставете во неколку капки маслиново массло, па со врвот на прстите нежно масирајте ги слепоочниците, вдлабнатините околу очите, зад ушите и на вратот. Во случај на синусна главоболка направете масло од еукалиптус. Вдишувањето на смеса од лаванда, рузмарин и нане помага кај сите облици на главоболка. Облогата на главата или топла бања со етерични масла може да ги олабави мускулите и да ја ублажи болката.
При главоболки и мигрена исто така, можете да си самопомогнете со чаеви и тинктури од црвен глог, липа, ѓумбир, валеријана, пиперка.
Масажата ја намалува напнатоста на мускулите на главата, вратот, рамената и лицето. Оваа напнатост е честа причина за главоболка. Обидете се да се масирате под косата 15 мин.

Исхрана
Некои видови на храна кои влијаат на мигрената се: чоколадата, ферментираните зрели сирења, месните преработки со натриум нитрат и мононатриум глутаминат и црвено вино. Водењето дневник за прехрамбени навики може да ви помогне да ги најдете овие продукти кои мора да ги избегнувате. Магнезиумот ги проширува крвните садови па неговиот недостиг може да го потикне нападот на мигрена или на кластер главоболките. Внесувајте дополнителни 200 мг магнезиум 3 пати на ден како превентива. Ако на првиот знак на болка земете 50 до 200 мг нијацин (витамин Б3) тоа може да помогне во сопирањето на стегањето на крвните садови, а со тоа и да ја намали можноста за напад на мигрена.
Остеопатите веруваат дека главоболката предизвикана од притисокот на нервите или на крвните садови може да биде ублажена со невромускулатурна манипулација и масажа на главата, вратот и горниот дел на грбот со помош на мека ткаенина.

Напишете коментар