Прекината шестата седница на Советот на општина Василево
Шестата седница на Советот на општина Василево закажана за денес во 12,00 часот беше прекината уште на самиот почеток пред усвојувањето на дневниот ред. Причина беше неусогласувањето на ставовите на советничките групи околу дополнувањето на дневниот ред со нова точка со која се предлага престанок на мандат на член на Советот и верификување на мандат на член на Советот од редовите на Коалицијата на СДСМ. Ставот на Советничката група од Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ беше дека тоа треба да бидат две посебни точки на дневниот ред а не една како што беше предложено. По ова Советниците од Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата.
Поради немање кворум за работа Седницата беше прекината со образложение дека продолжението ќе биде дополнително закажано.