Земјотрес ги разбуди струмичани
Во 05:24 часот по полноќ силен земјотрес повторно се почуствувa во Струмица и регионот. Епицентарот е во Грција на 9 километри од Дојран со јачина од 5.1 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 2 километри. Инаку, почуствуван беше и земјотрес во 23:14 часот со јачина од 3.9 степени според Рихтеровата скала.