Новогодишен хепенинг на плоштадот
Голем број ученици од прво до петто одделение од основните училишта во градот пееја новогодишно-божиќни песни, а под новогодишната елка на градскиот плоштад секое дете остави свое пакетче со новогодишна честитка, кое подоцна ќе биде наменето за деца од социјално загрозени семејства. Целта на хепенингот беше со заедничка дружба да се зголеми празничната еуфорија, да се разбуди хуманоста и да им се даде можност на сите деца да ја почувствуваат новогодишната магија без разлика на социјалниот статус, во периодот кога споделуваат радост и љубов.
Овој хепениг беше во организација на Младинскиот Совет во соработка со општина Струмица.