Се одржа првата сесија на Граѓанскиот буџетски форум
Општина Струмица во соработка со Центарот на заедницата на општина Струмица во големата сала на домот на АРМ ја одржаа првата сесија на Граѓанскиот буџетски форум. По презентацијата на предлог буџетот на Општината за 2018 година од Евгенија Граматикова, раководител на одделението за буџетска координација присутните на сесијата дадоа свои предлози.
Поставување вертикални зелени градини низ градот, опремување на лабаратории и кабинети во средните општнски училишта, отворање на Центар за неформално образование, изградба на Младински културен центар со адаптирани ателјеа, кино сала, театарска сала, галериски простор, акустично студио и слично, изградба на нов, современ градски пазар, изградба на нова или реконструкција на веќе постоечката Противпожарна станица, изградба на стационар за улични кучиња, санација на дупки на улиците, беа само дел од предлог-проектите на граѓаните.
Втората сесија на Граѓанскиот буџетски форум ќе се одржи на 04.12.2017 година (понеделник) со почеток во 18 часот во големата сала на домот на АРМ.