Општина Василево го чисти каналот во Градошорци
Општина Василево од денес започна со чистење на отворениот канал за прибирање на атмосферските води во с. Градошорци. За таа активност ангажирано е Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“ од Василево, кое со сопствена механизација врши ископ и отстранување на наталожениот материјал од каналот.
Чистењето ќе продолжи и во наредните денови се додека не биде исчистен целиот канал чија вкупна должина изнесува околу 1500 метри. Според информацијата добиена од ЈПКД „Турија“ Василево, во текот на денешниот ден исчистени се околу 200 метри. Материјалот кој е изваден од каналот во текот на овие денови ќе биде целосно отстранет и дислоциран до депонијата.
Како што информира градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, чистењето на овој и на каналите во другите населени места е планирано со Програмата за комунални дејности на општина Василево и истото се реализира согласно потребите на населените места и состојбата на каналите.