Ќе се чествува празникот посветен на „Пресвета Богородица “Брзопослушничка”
Во чест на чудотворната икона на „Пресвета Богородица “Брзопослушничка” на 22 ноември во манастирот на „Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” во Струмица, каде од 12 март 2017 година се наоѓа иконата како дар од манастирот Дохијар на Св.Гора, ќе се чествува првиот нејзин празник откако е донесена.
Нa 21 ноември во 16 часот, ќе се отслужи вечерна богослужба со молебен канон кон иконата на „Пресвета Богородица Брзопослушничка”. На 22 ноември во 07 часот – утрена богослужба, а во 08 часот света Божествена Литургија. По Божествената Литургија ќе биде отслужен акатист кон иконата на „Пресвета Богородица Брзопослушничка”.