ИГУМЕНОТ ГАВРИЛ РАКОПРОИЗВЕДЕН ВО АРХИМАНДРИТ
На 10.11.2017 година, кога Црквата го слави споменот на светата Параскева Икониска, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Струмички г.Наум во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф и надлежниот митрополит Кумановско-осоговски г.Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Ѓорѓи во Куманово.
На Светата Литургија, во Архимандритски чин беше произведен Игуменот Гаврил (Галев), а верниот народ кој со своето Достоен го потврди ова ракопроизведување се причести со Светите Христови Тајни