Практична настава за учениците од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица
На 02 ноември 2017 во Центарот на заедницата на општина Струмица гости беа ученици од СОУУД „Димитар Влахов“- Струмица, насока – агроменаџмент, кои заедно со својот професор Томе Тимов одржаа практична настава во канцеларијата на Центарот. Во соработка со координаторите на Центарот, кои накратко ја објаснија улогата на истиот во заедницата на општина Струмица во помагање на здруженијата од Струмица во делот на изработка на апликации, известување за постоечки грантови, помош при формирање здружение и сл., се презентираа досега спроведените активности во делот на млади и образование, како и начинот и постапката за основање здружение и користа од поестоење на истото, околу 30-ина ученици стекнаа основни познавања од методската единица -Формирање здруженија, кое доста ќе им помогне во совладувањето на наставните содржини.
Центарот на заедницата на општина Струмица и понатаму е отворен за соработка со основните и средните училишта од општина Струмица