Димитар Џорлев од ООУ „Видое Подгорец“ освои бронзен медал на Иранската геометричка олимпијада
Димитар Џорлев ученик во деветто одделение од основното општинско училиште „Видое Подгорец“ од Струмица под менторство на наставничката по математика Натка Гарванлиева освои бронзен медал во категоријата до 15 години на Иранската геометриска олимпијада. Наградите на најдобрите им беа врачени деновиве, а олимпијадата се одржа во септември во Скопје на Факултетот за електротехника и информатички технологии паралелно со 44 земји од целиот свет. Натпреварот се одржа во три категории. Изборот на учениците беше извршен од единствените ранг листи од Јуниорската македонска математичка олимпијада и Македонската математичка олимпијада во претходната учебна година. Тоа е уште еден голем успех на Димитар Џорлев кој минатата учебна година освои бронзен медал на Европскиот математички куп. Сојузот на математичари на Македонија е задоволен од настапот на македонските натпреварувачи кои освоија медаљи посебно заради тежината на задачите оваа година и им посака успех во сите натамошни натпаревари по математика, посебно меѓународните кои се најрелеванти за квалитетот.