Одбележан историски настан во Варварица – присутен и премиерот Зоран Заев

Во организација на локалната самоуправа од Василево, во Варварица се одбележа 73 годишнината од формирањето на Првиот Околиски комитет на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија и Првиот Народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко.

Пред спомен плочата на која се испишани имињата на учесниците во овој историски настан се поклонија делегации од локалната самоуправа, Продолжувачите на традицијата на Сојузот на борците како и бројни граѓани кои масовно се вклучија во одбележувањето.

Осврнувајќи се настанот кој во виорот на Втората светска војна се случил токму во ова планинско село, градоначалникот Марјан Јанев изрази благодарност до неговите учесници за нивните херојски дела и како што рече слободата која сите ние денес ја уживаме.

Во Варварица беше и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, кој заедно со членовите на Мото клубот „АТВ Струмица“ чиј што член е, возеше по патеките на планината Еленица, посетувајќи ја и Варварица каде што вчера се осветуваше реконструираната црква Св.Петка.

Неизоставен дел на одбележувањето беше и традиционалното дружење на присутните со музика.

Напишете коментар