Деновите на руската култура и во Струмица
Градоначалникот Јаневски присуствуваше на концертот на рускиот хор „Митрофан Пјатницки“
Во рамките на одбележувањето на Деновите на руската култура во Македонија, рускиот државен академски народен хор „Митрофан Пјатницки“ синоќа одржа концерт во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“. Меѓу своите сограѓани, љубители на рускиот фолклор, беше и градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски. На концертот присуствуваа и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски и членови на истиот и амбасадорот на Руската федерација во Република Македонија, Олег Шчербак.