Томе Лазаров- Ќе се изгради нова детска градинка во Турското маало

Почитувани,

Програмата за локалните избори на ВМРО ДПМНЕ нуди
проекти и решенија за проблемите во секое поголемо и
помало населено место во општината, но и за секое маало и
секоја улица во град Струмица.

Горниот дел од градот, уште наречен и турско маало е
сместен во можеби најубавиот дел на Струмица.
12 години владеење не донесоа никакво подобрување за
условите вои кои живеат нашите сограѓани од турското
маало.
12 години празни ветувања и излажани граѓани.

Исто како и пред 12 години, Улиците и денес се раскопани,
диви депонии насекаде, игралишта за деца – нема,
хигиената е на многу ниско ниво.

Во тој правец, веднаш по победата на 15. Окт ќе обезбедиме
подршка и реализација на повеќе проекти во насока на
подигање на животниот стандард, социјална сигурност и
подобрување на комуналната инфраструктура.

Со цел вклучување на децата од турска и ромска
националност во предучилишна настава, ќе се направи
анализа за потребите од изградба на нова детска градинка
во Турското маало.
Во делот за заштита на правата на децата ќе

отвориме и советувалиште за родители.
За да се зголеми бројот на вработени, новата локална
самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ во соработка со
стопанскиот сектор ќе организира и финансира обуки за
преквалификација и доквалификација на возрасни
невработени лица.

Ќе се забрза процесот на легализација на семејни куќи и ќе
се изработи детален урбанистички план, со што и
оваа маало ќе почне да се
развива согласно сите стандарди за урбано и современо
живеење.

Ќе се обезбеди соодветен пристап до секоја куќа, со
асфалтирање и бетонирање на улици и пристапни патеки.

Ќе ја прошириме канализационата и водоводната мрежа.

Ќе го подобриме уличното осветлување кое освен во турско
маало, не функционира во поголемиот дел од градот.

Ќе ги исчистиме дивите депонии кои се постојан извор на
заразни болести и ќе обезбедиме редовно собирање на
отпад.

Ќе го реконструираме патот до Турските гробишта,
согласно сите стандарди и нормативи, а ќе обезбедиме
и редовно одржување на гробиштата.

Предвидено е и да се постави урбана опрема (клупи и корпи
за отпадоци) на улиците „Бетовенова“ и „Бошко Буха’’

Миење на улиците нема да биде привилегија, како досега, само на
булевар Маршал Тито. Сите улици во градот рамномерно ќе бидат
хигиенски третирани.

Граѓаните на о. Струмица заслужуваат многу подобра
локална власт од оваа што сега ја имаат.
На 15.Окт сите да го заокружиме број 13 и да кажеме
“Доста е” на лажните ветувања,
“Доста е” на истите истрошени политичари кои 12 години
мислат на нас мислат само пред избори.
На 15.окт доаѓаат ВИСТИНСКИ ПРОМЕНИ во Струмица.
Граѓаните на општина Струмица и ВМРО ДПМНЕ ќе ги
донесат промените и ќе почне нова ера за Струмица.
Нова ера со нови лица, способни луѓе, во која ПОТРЕБИТЕ
НА ГРАЃАНИТЕ ќе бидат врвен ПРИОРИТЕТ.
Нова ера во која локалната власт предводена од ВМРО
ДПМНЕ ќе работи во интерес на сите граѓани, без разлика
на нивната верска, национална или партиска припадност.

Напишете коментар