Прес- Александар Донев-Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за Локалните избори 2017 година за о.Струмица e реална и ги опфаќа сите сфери на општественото живеење

Почитувани сограѓани,
Како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија,
заедно со останатите кандидати сакаме да Ве запознаеме со основните начела на нашата изборна
програма за Локалните избори 2017.
Нудиме програма за развој на општина Струмица со мерки и проекти кои се издржани и
произлегуваат од потребите на граѓаните.
За разлика од нашите политички опоненти, ВМРО-ДПМНЕ во своите програми не ветува
нереални проекти, бидејќи тоа што го ветува го реализира.
Дванаесетгодишното владеење на СДС го обележаа многу ветени но нереализирани проекти,
како што се: подземна сообраќајница, изградба на нов мулти-функционален пазар, панорамско
поврзување на градот со Цареви кули, доизградба на соборниот храм Успение на Пресвета
Богородица и многу други , ветени а нереализирани проекти.
Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за Локалните избори 2017 година за општина Струмица e реална и ги
опфаќа сите сфери на општественото живеење, нудејќи решенија за наталожените проблеми на
граѓаните на општина Струмица.
Нашите проекти ги опфаќаат следниве области:
●Локален економски развој
●Образование и наука
●Спорт и млади
●Комунални работи и инфраструктура
●Урбанизам и животна средина
●Социјална заштита и социјална превенција
●Транспорт и патна инфраструктура
●Информатички развој
●Домување
●Туризам
●Култура
●Меѓународна соработка

●Здравствена заштита

Преку реализација на проектите наведени во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ општина Струмица ќе
обезбедиме урбан и рурален развој, ќе го подобриме животниот стандард на граѓаните
зачувувајќи го притоа природното, културното и традиционалното наследство.
Со победата на 15-ти Октомври на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе ја
започнеме новата ера за Струмица!

Напишете коментар