,,Приближување на македонскиот и турскиот јазик преку музика и песна’’

На 13 и 14 Септември 2017 во организација на Здружение за негување на традиционални вредности ПОТОМСТВО –
Струмица, се одржа дводневна работилница за совладување на најчесто употребувани фрази кај македонската и турската заедница.
Работилницата беше дел од проектот ,,Приближување на македонскиот и турскиот јазик преку музика и песна’’, финансиран од Г1 Програмата на Општина Струмица.


Модератор на работилницата беше наставничката Аида Бекирова во соработка со наставничката Ана Тимова.
Во работилницата учествуваа ученици од македонска и турска националност.
Учениците од двете етнички заедници се запознаа со
изразите кои се заеднички за двата јазика но и се запознаа со најчесто употребуваните зборови на другарчињата од другата етничка заедница.
Работилницата беше збогатена со музички композиции кои ги исполни оркестар составен од дечиња од македонската и турската заедница . Учесниците ученици од македонска и турска националност ги исполнија песните на народни музички инструменти.
На дводневната работилница учество зедоа дваесетина ученици од двете етнички заедници.

Напишете коментар