ЗЕМЈОДЕЛСКИ САЕМ ВО БУРСА ТУРЦИЈА

Од 11 до 15.10.2017 година Здружението “Хорти Еко” од Струмица во соработка со Адонис груп организира посета на 15 ти Меѓународен Саем за земјоделство BURSA AGRICULTURE 2017. На саемот посетителите ќе имаат можност да се запознаат со новите светски достигнувања во делот на земјоделската механизација, опрема и репроматеријали како и размена на искуства и нови приоди во сверата на земјоделието. -Сточарско производство -Земјоделска механизација – Земјоделски лекови – Хортикултура, саден материјал и семиња – Стакленици, еколошко земјоделство – Лозарство и производство на вино – Млеко и млечни производи и др. Саемската посета овозможува поврзување, а со тоа и развивање на сопствената дејност со реномирани турски компании. Цената за аранжманот изнесува 125 евра и истата вклучува: -автобуски превоз со високо туристички автобус; -сместување во реномиран хотел со 4 и 5 звезди на база (две ноќевања со појадок); -влезници за саем; -трансфери до хотел и трансфери до саем. Пријавувањето е најдоцна до 30.09.2017 година. Контакт: 072 565 632 Tоме Тимов

Напишете коментар