о. Василево-Започна изградбата на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала
Започнаа градежните активности за реализација на уште еден проект од општина Василево, проект кој беше ветен за граѓаните на општина Василево, односно за граѓаните на населено место Чанаклија“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов на официјален старт на градежните активности на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала.
Во оваа фаза ќе биде асфалтиран дел од патот во должина од еден километар и тоа почнувајќи од населеното место Чанаклија така што ова воедно ќе претставува и улица за жителите кои живеат во овој дел од селото. Ширината на овој пат ќе биде 5 метри плус банкини со ширина од по половина метар од двете страни на патот.
Вкупниот буџет за оваа инвестиција изнесува 6,5 милиони денари од кои околу 5,2 милиони денари се од Бирото за регионален развој обезбедени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и околу 1,3 милиони денари од општинскиот буџет.
Градоначалнокот е оптимист дека во скоро време односно до крајот на оваа градежна сезона, на задоволство на сите негови корисници, комплетно ќе бидат завршени градежните активности на овој пат.
Вкупната должина на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала е околу 4 км. од кои досега се асфалтирани 1,3 км. од правецот на Нова Маала кон Чанаклија.