ДРАГАН ЈОВАНОВ НАЈ ПЕРСПЕКТИВНИОТ МЛАД ЕКСПЕРТ СОВЕТНИК ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА НА ПРЕМИЕРОТ И ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Драган Јованов е роден во Скопје. Основното училиште завршува во ОУ,,Браќа Миладиновци“ во Скопје. Учи во средното стручно училиште за ветеринарна медицина СОУ ,,Браќа Миладиновци“ во Скопје. Натамошниот процес на образование го продолжува на Факултетот за земјоделски науки и храна (Универзитет „Св. Кирил и Методи“- Скопје). Магистерските студии ги завршува на Факултетот за земјоделски науки и храна (Универзитет „Св. Кирил и Методиj“ – Скопје). Во фаза на завршување е на докторските студии на Факултетот за агроекологија.

Како организатор и учесник на многу престижни семинари, меѓународни конференции, трибини и јавни настани, агрономијади, академии, обуки, конференции, спортски активности и проекти, се стекнува со големи академски достигнувања, искуство и епитет на иновативност во таа насока. Д. Јованов е добитник на многу дипломи, сертификати, благодарници, медали и општествени признанија за своите национални и интернационални достигнувања. Автор е на многубројни објавени меѓународни трудови, а како медиумски препознатлива личност во својата специјализирана област има пишувано свои статии за многу домашни и странски списанија и портали.

Автор е на повеќе од 25 национални и интернационални книги: aтлас на лековити растенија во Република Македонија (основен и напреден), македонска традиционална медицина, зачински лековити растенија, ароматични лековити растенија, лековити зачински и ароматични растенија, лекување со природни лековити билки (билни рецепти), нутриционизам, лековити растенија спорт и здрав живот, природни лековити, ароматични и зачински растенија, користење и нивна примена за подобрување на здравствената состојба на човекот, природен доктор, исхрана и совети според крвната група и лекување со свежа билна храна, македонска современа фитомедицина, менаџирање со животната средина и др.

Покрај конкретниве авторски дела, Драган Јованов како стручно, компетентно и реномирано лице за својата специфична тематика пишува научни статии за македонски дневни весници, списанија и магазини. Како лице што има знаење и што знае соодветно да го пренесе, Јованов бил и сѐ уште е почесен гостин на речиси сите македонски емисии и национални телевизии.
Драган Јованов соработува со меѓународни институти во областа на фитомедицината, нутриционизам и здравиот начин на живеење. Со тоа е познат и признат како еден од најдобрите млади експерти на Балканот за фитологија, фитотерапија, хербализам, агроекологија и земјоделски науки и храна.
Еден експерт е успешен и класифициран како таков ако успее на соодветен начин да им го пренесе своето знаење на идните генерации, како и да го употреби за општокорисни, здравствени и едукативни цели.

Драган Јованов предава како на домашни, така и на меѓународни трибини, а мошне често е повикуван како почестен гостин со свое излагање на меѓународно реномирани конференции за здрав начин на живеење како нешто фундаментално и базично за човековата егзистенција.
Д. Јованов активно учествува на меѓународни трудови и конгреси во областа на фитологијата, фитотерапијата, екологијата, агробизнисот, микробиологијата на почвите и водите, земјоделството, храната, обновливи извори на енергија, менаџмент на еколошки ресурси, агробизнисот, а на повеќето од нив, покрај тоа што активно учествува, исто така и пријавува меѓународни трудови. Учествува на конгреси и симпозиуми за фармација и балкански симпозиуми за хомеопатија.

Во своето професионално искуство Д. Јованов соработува со билната аптека ,,Матија“, (производство на природни хербални препарати), фирми за производство на препарати од зеолит), (фирма за производство на препарати од алое вера). Исто така кратко има работено како проектант на еколошки елаборати за животна средина и соработник на полска фирма за производство на биолошки ѓубрива.
Драган е член на Здружението за отомолекуларна медицина и диететика и на советувалиштето за здрава исхрана.
Три години беше член на Институтот за парламентарна демократија (ИПД) – асистент на пратеник во собранието на Република Македонија каде што учествуваше на многу семинари со странски еврокомесари. Беше учесник и на семинари организирани преку Собранието на Република Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање.
За здрав начин на живот најдобро може да говори личност што го применува тоа. Драган Јованов играше за македонски кошаркарски клубови професионално и аматерски, за Универзитетската кошаркарска репрезентација, а подоцна беше и професионален тренер на млади категории во КК Партизан Водно Санс, Илинден и МЗТ Скопје.

А како личност што се бори за примена на здрав начин на живот и изнаоѓање соодветно решение, превентива и лекување на здравствените болести, Д. Јованов организира хуманитарни активности со кои се собираат финансиски средства наменети за луѓе заболени од канцер и други тешки болести.

Како хумана личност што поседува организациски, социјални, ораторски вештини, комуникативност и позитивен пристап во директен контакт и работа со луѓе, покрај гостувањето во повеќе од 160 ТВ-емисии од научен аспект, беше водител и на своја ТВ-емисија ,,Здравје од природата“. Како дел од своето професионално искуство, уште во текот на студиите беше демонстратор (волонтер) на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, и асистент на Факултетот за еколошки ресурси и храна и безбедност на храна при МИТ Универзитетот во Скопје, каде што предававал повеќе предмети.

Драган Јованов две години по ред го добива признанието за најдобар млад научник на Европскиот мултидисциплинарен конгрес кои се одржува во Нови Сад, Република Србија, исто така има добиено две национални награди како најдобар млад научник и предавач.
Toj како слободоумен граѓанин е еден од најголемите млади борци за слобода, правда и подобар живот на граѓаните на Република Македонија.

Напишете коментар