Се уништува тревата во поројот „Крушевска Република“
Како и секоја претходна, така и оваа година, јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во континуитет ги чисти пороите во градот. По комплетното собирање на разновидниот отпад и детално чистење на поројот „Крушевска Република“, денеска, денеска се вршеше прскање на истиот со препарат против сите видови треви и корови. Целта на оваа традиционална активност е искоренување на тревата со што покрај естетскиот изглед се подобрува и неговата функција, односно, се овозможува нормален проток на водата при врнежи од дожд.
Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните кои живеат покрај овој порој, својот отпад да го фрлаат на места определени за него, а не во поројот, навика од која што тешко се ослободуваат.